Ќе добие ли отказ Покетино по лошиот старт во Челси?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси игра ужасно во новата сезона, иако клубот инвестира многу пари за засилувања, а тоа предизвика шпекулации дека тренерот Маурицио Покетино ќе добие отказ.

Покетино, сепак, не делува дека е главниот проблем кај „сините“ и нема да добие отказ засега затоа што газдата Тод Боели му верува.

Гигантот од Лондон има големи проблеми по промените кои се случија во нивниот табор, но не се намалуваат ниту критиките од навивачите по поразот од Манчестер јунајтед.

Челси може да одигра одлично на контра-напади и да ги казни „ѓаволите“, но сите топки завршуваа кај домаќинот и тоа беше двапати казнето на крајот (2-1).