Ќе одекне ли изненадувачки трансфер? Кевин Стротман понуден на Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Англија пренесуваат дека Кевин Стротман е понуден на три премиерлигаши меѓу кои и Манчестер Јунајтед.

Играчот кој минатата сезона пристигна во Марсеј од Рома за 23 милиони фунти, оваа сезона ќе си замине од францускиот тим поради тоа што клубот ќе скрати значителни средства во пресрет на следната сезона со оглед на фактот што не успеаја да обезбедат пласман во европските натпреварувања.

Стротман преку неговиот агент е понуден на Манчестер Јунајтед, но и на Вест Хем и Евертон.

Сите три клуба би можеле да го добијат играчот најпрво на позајмица,а потоа целосно да го откупат неговиот договор.

Стротман се поврзуваше со „ѓаволите“ кога Дејвид Мојс и Луи Ван Гал беа на клупата на овој тим.