Ќе се повтори ли историјата: Вардар против Веспрем ја брка европската круна!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар синоќа успеа со фантастичен пресврт да ја победи Барселона со 29-27 во полуфиналето на Лигата на шампиони, а денеска ќе има шанса да го повтори успехот од 2017 година, односно освојување на европската титула.

Да се вратиме малку во историјата, Вардар пред две години походот кон европскиот трон го почна токму со победа против Барселона, по што славеше во финалето против ПСЖ со 24-23, а денеска сите се надеваат дека тоа ќе се случи против Веспрем.

Добри вести за нас се и тоа што денеска за унгарскиот шампион нема да настапи одличниот голман Арпад Штербик.

Големиот спектакл во елитното натпреварување меѓу Вардар и Веспрем почнува денеска од 18 часот.