Ќе се води жестока борба во Скопје: Вардар и Шкендија ќе се пресметаат во Купот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ждрепката во македонскиот Куп реши Вардар и Шкендија да се пресметаат уште во осминафинале, па во Скопје денеска од 15.30 часот двата жестоки ривали ќе ги одмерат силите.

Вардар подобро ја почна сезоната во македонскиот шампионат, па се наоѓа на лидерската позиција, иако не играа во Европа затоа што не им беше издадена лиценца, додека Шкендија тргна катастрофално, но по промената на теренот Тетовци запишаа три победи по ред и стигнаа до десет бода.

Вардар се надева дека ќе ја искористи шансата со тоа што Шкендија уште не е во форма, но во секој случај останува да видиме што ќе се случи во првото дерби сезонава меѓу двата ривала.

Титулата во македонскиот Куп ја брани Академија Пандев, која игра со Осогово. И треба да споменеме дека досега Вардар пет пати го освојувал Купот, а Шкендија само двапати.