Кејн се надева дека триумфот против Лацио е – пресвртница на сезоната!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот напаѓач Хари Кејн постигна два гола во победата на Баерн Минхен против Лацио (3-0) со која бундеслигашот се пласира во четвртфинале на Лигата на шампиони (ЛШ).

Кејн смета дека овој натпревар би можел да биде пресвртница на сезоната за баварскиот гигант, кој има голема негатива зад Баер Леверкузен во Бундеслигата.

„Имаме тешка сезона и на моменти не играме како што треба. Мислам дека победата против Лацио може да биде пресвртница. Загубивме на првиот меч, но во реваншот покажавме силен карактер“, кажа Кејн.