Кербер нема да игра на Ју-Ес опен зашто е – бремена!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешната прва тенисерка во светот, Анџелик Кербер објави преку социјалните мрежи дека се повлекува од Ју-Ес Опен.

Иако многумина очекуваа да ја видат Германката на турнирот, сепак тоа нема да се случи, а причина за нејзиното повлекување е тоа што Кербер е бремена.

„Навистина сакав да играм во Њујорк, но сметам дека два против еден не е фер. Ју-Ес опен ме потсетува на моите пресврти во кариерата. Овој турнир има посебно место во моето срце, па затоа сакам да се збогувам со вас на теренот, иако ќе бидам отсустна од турнејата одредено време. Да бидам искрено, јас сум нервозна и загрижена во исто време“, кажа Кербер.

Ју-Ес опен е закажан да се одржи од 29 август до 11 септември.