Кирјос бара поддршка за Ѓоковиќ: Немој да заборавите, Новак многу ни помогна!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ник Кирјос уште еднаш ги повика луѓето во Австралија да бидат подобри кон најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој се наоѓа во притвор и покрај медицинскиот исклучок.

На Србинот му беше забранет влез во Австралија, откако му ја укинаа визата и тој во моментов се наоѓа во хотел за мигранти.

„Новак ни помогна. Во текот на пожарите ни даде поддршка. Брзо забораваме или медиумите брзо забораваат. Тој не мораше да ни помогне тогаш. Голем број спортисти немаше да мрднат со прст, зашто се себични. Јас не можем да го заборавам неговиот потег и ние мора да бидеме подобри кон него“, вели Кирјос.

Конечната одлука за тоа дали ќе остане во Австралија, Ѓоковиќ ќе ја дознае во недела на полноќ.