Кирјос го отпиша Федерер од трката за најдобар во историјата: За мене ти си готов!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најконтроверзните тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ повторно се вклучи во темата за тоа кој е најдобар тенисер во историјата.

Рафаел Надал ја освои 21. гренслем-титула и така стана најдобар по број на освоени големи трофеи, односно има еден повеќе од Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Кирјос доби прашање за тоа кој е најдобар тенисер според него во историјата, па одговорот беше повеќе од јасен.

„Роџер е готов според мене. Размислував за тоа, има негативен резултат со двајцата ривали, тоа е лош рекорд. Ако го освои Ролан Гарос, мислам дека ќе биде јасно кој е најдобар во историјата. Ако дојде до 22 тиули, а другите имаат по 20, тогаш Надал е најдобар“, вели Кирјос.

Кирјос откри дека не очекувал триумф на Шпанецот на Австралијан опен, но бил пријатно изненаден.