Кирјос: Губев контрола врз мојот живот, пиев секоја ноќ…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Австралискиот тенисер Ник Кирјос беше гостин во новата серија на „Нетфликс“ која е тениски документарец и ги следи најталентираните играчи.

Првата епизода му беше посветена на австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјос кој стана еден од најконтроверзните тенисери.

Кирјос во серијата зборуваше за борбата за неговото ментално здравје, додека на гледачите ситуацијата се обидоа да ја објаснат и неговата девојка Костин Хаци и менаџерот Даниел Хорсфал.

„Првите четири или пет години од мојата кариера беа хаотични. Кога Хорсфал беше на турнеја со мене забележа дека моето ментално здравје не е најдобро. Ја губев контролата врз мојот живот, пиев секоја ноќ“, кажа Кирјос.