Кирјос по Ѓоковиќ удри на Зверев: Како можеш да бидеш толку себичен?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Александер Зверев повторно се најде на мета на критики поради кршење на изолацијата. Откако беше прекинат „Адрија Тур“ во Задар, по позитивните тестови на неколку тенисери, Германецот замина во Монако, каде што требаше да биде 14 дена во карантин.

Меѓутоа, тој не издржа ниту седум дена и беше снимен во забава. Видеото се појави на социјалните мрежи, а прв кој се јави да критикува е контроверзниот Ник Кирјос, кој претходно го нападна и Новак Ѓоковиќ.

„Многу контроверзни работи се случија ширум светот, но тоа што ми паѓа во очи е Зверев. Повторно, човеку, повторно… Како можеш да бидеш толку себичен? Ако имаш храброст да објавиш твит во кој го пишува твоето име и да кажеш дека ќе бидеш во изолација 14 дена, тогаш извини се на јавноста“, порача Кирјос.