Кирјос распали по критичарите: Јас му помагам на спортот, рекетот беше далеку од детето (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ник Кирјос имаше уште еден луд настап, но загуби од Рафаел Надал. Меѓутоа, мечот го одбележаа неколку ситуации поради кои контроверзниот тенисер беше во центар на внимание.

Кирјос им викаше на навивачите, ги пцуеше, па го фрлаше и рекетот при што ќе погодеше едно девојче. Тие сцени го одбележаа неговиот четвртфинален меч против Шпанецот.

„Чувствувам дека му помагам на спортот, привлекувам големо внимание и секој кој мисли дека сум лош за тенисот, тој е идиот. Тие не знаат ништо за спортот. Залудно ме критикуваат, рекетот заврши три метри подалеку од девојчето“, вели Кирјос.