Кирјос за малку ќе повредеше дете со рекет, па судијата му ја затвори устата: Доста, само ти врескаш! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рафаел Надал во четвртфинале го совлада Ник Кирјос со 7-6, 5-7 и 6-4 и така се пласираше во полуфинале на Индијан Велс, а Австралиецот со грчко потекло пак правеше драма на теренот.

Кирјос се налути затоа што публиката му пречела, поради што се скара со судијата Карлос Бернардес.

„Колку долго ќе ги пуштиш вака да се однесуваат? Колку долго? Да реагираше порано, ова немаше да се случи“, кажа Кирјос.

Судијата не молчеше пред тенисерот, па му одржа лекција.

„Десет илјади луѓе дојдоа да гледаат тенис, а само ти врескаш како луд“, му кажа судијата на Кирјос.

Тенисерот потоа го удри рекетот од теренот и за малку ќе погодеше девојче.