Кјелини ќе се пензионира по мечот против Аргентина


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Искусниот италијански фудбалер Џорџо Кјелини планира да се збогува со репрезентативниот дрес по пријателскиот меч меѓу Италија и Аргентина.

Кјелини ќе го одигра неговиот 117. меч во дресот на „аѕурите“, а тој воедно ќе биде и последене за него во дресот на италијанската репрезентација.

„Ќе се збогувам од репрезентацијата на ‘Вембли’, каде што го почуствував најголемиот успех со освојувањето на Европското првенство. Сакам да се збогувам со убави спомени“, вели Кјелини.

Кјелини не кажа дали ќе ја продолжи кариерата во Јувентус или ќе замине во друга екипа затоа што веќе има 35 години и постои интерес од МЛС-лигата за неговите услуги.