Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јирген Клоп кажа дека му се потребни засилувања за следната сезона, откако се соочи со проблеми и нема победа по трите одиграни кола.
Во прв план се Френки де Јонг, Јури Тилеманс, Мозес Каиседо и Конрад Лајмер, но засега не е познато колку пари може да плати Ливерпул.
Сепак, ако се земе во предвид дека на почетокот на преодниот рок Ливерпул беше подготвен да плати 80 милиони евра за Чуамени, значи немаат проблеми да платат ниту сега толку пари.
Барселона претходно прифати понуда од 85 милиони евра за Де Јонг од Манчестер јунајтед, но сепак Холанѓанецот не сакаше да се пресели во премиерлигашот затоа што не игра во Лигата на шампиони (ЛШ).
Заинтересиран беше и Челси, но сепак тренерот Томас Тухел повеќе е загрижен за неговиот напад отколку за средниот ред.