Клоп ги критикуваше сите што трошат многу пари, а сега ќе добие засилување од 100 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е на добар пат да го добие Дарвин Нуњез, кој ќе биде платен 100 милиони евра на Бенфика.

Трансферот требаше да чини 80 милиони евра, а уште 20 тимот ќе добие низ различни бонуси во следните години, а Нуњез денеска ќе потпише договор на шест години.

Интересно е тоа што Германецот во 2016 година даде изјава и го критикуваше трошењето на многу пари за засилувања, а причина за тоа беше трансферот на Пол Погба во Манчестер јунајтед за 105 милиони евра.

„Ако купите еден фудбалер од 100 милиони евра и се повреди, тогаш парите ви пропаднале. Секој може да освои трофеј, но не мора да троши многу пари за тоа“, кажа Клоп пред шест години.