Клоп го призна поразот: Не заслуживме ништо повеќе во Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул вчера беше поразен со 1-3 на гостувањето кај Реал Мадрид во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).

Тренерот на премиерлигашот, Јирген Клоп го призна поразот од „кралевите“ и кажа дека неговата екипа не заслужила ништо повеќе од тоа.

„Ако сакаш да се пласираш во полуфинале, тогаш треба тоа да го заслужиш. Ние игравме многу лошо, посебно во првото полувреме, а единствено нешто кое е позитивно во мечот е дека ќе има реванш. Не игравме доволно добро, за да му создадеме проблеми на Реал. Грешките се составен дел од играта, а ние вчера му ги олеснивме работите на Реал“, вели Клоп.