Клоп го замени Ал Пачино во „Секоја божја недела“… (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ги сака Клоп филмовите, некогаш го користеше Роки Балбоа, а сега се одлучи да други јунаци.

Јирген Клоп и тоа како допринесе за подобрата игра во вториот меч против Барселона.

Германскиот стратег по 0:3 во Барселона успеа да ги мотивира своите играчи и да им всади борбен дух, а се обидуваше во слободно време да го пронајде и успеа во тоа.

Иако Ливерпул играше без Фирмино и Салах, иако губеше со 0:3 по првиот меч, синоќа неговиот тим успеа да се врати и да слави со 4:0 и така да дојде до финалето од Лигата на шампионите во Мадрид.

Кој беше начинот на Клоп?

Тоа го откри хрватскиот интернационалец, Дејан Ловрен кој синоќа не играше.

„Честитки за Клоп. Пред мечот имаше неверојатен говор. Беше брилијантен и мислам дека не подигна. Беше тоа нешто што никогаш не сме го слушнале досега. Истакна „Верувајте момци. Еден или два погодоци, иако не постигнеме погодк во првите 15,20 минути, верувајте ми дека тоа ќе се случи во 65,66,67 минута. Го имаме „Енфилд“ зад себе, верувајте ми момци, ние тоа го можеме. Го направивме тоа против Дортмунд, можеме и вечерва. Само покажете м*да вечерва“… и ние тоа го направивме“, објасни Ловрен.

Клоп очигледно го гледал Ал Пачино во филмот „Секоја божја недела“.