Клоп ја критикуваше Премиерлигата: Со неговиот потег ќе го натера цел свет да му се поклони!

Германскиот тренер Јирген Клоп се налути кога слушна за правилата на Премиерлигата при доделување на медалите за освоениот трофеј. Ливерпул ја врати титулата по 30 години, а Германецот се налути кога дозна дека медал ќе добијат самоиграчите кои одиграле пет натпревари во шампионатот.

Клоп смета дека тоа е глупост и застана во одбрана на своите фудбалери.

„Каква глупост, не знам на кој му падна тоа на памет. Ако сте одиграле и минута треба да добиете медал, едноставно ако луѓето не разберат дека ова е тимска игра и дека екипата го освојува првенството, јас не можам да помогнам. Моите момци се одлични, имаат иднина тука. Тие заслужуваат медал и ќе го добијат, ако не од Премиерлигата, тогаш од мене!“, порача Клоп.