Клоп конечно даде изјава: Мбапе во Ливерпул? Би сакале да го видиме на „Енфилд“, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми во претходните месеци шпекулираа дека Ливерпул бил заинтересиран за Килијан Мбапе, кој игра фантастично во дресот на ПСЖ.

Се шпекулираше дека Ливерпул ќе го урне сегашниот трансфер-рекорд за Мбапе, но тренерот Јирген Клоп ги отфрли тие тврдења со објаснување дека се нереални.

„Немам што да кажам за темава. Да се купи фудбалер како Мбапе е тешко, мислам дека не постои екипа која може да го купи од ПСЖ. Ние тоа не може да го направиме. Од спортска страна, би сакале да го видиме на ‘Енфилд’, но немаме толку пари“, вели Клоп.

Мбапе исто така долго време се поврзува и со Реал Мадрид, кој планира да тргне по неговите услуги следното лето.