Клоп: Не гледам причина зошто да бидеме казнети поради Суперлигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека не постои доволно добра причина за тимовите да бидат казнети поради учеството во создавање на Суперлигата.

Дури шест англиски тимови учествуваа во создавањето на новото натпреварување, кое требаше да биде независно од УЕФА.

Под притисокот на јавноста, но и по заканите од УЕФА и ФИФА, тимовите од Премиерлигата се повлекоа по само 48 часа по создавањето на натпреварувањето.

На прашањето дали тимовите треба да бидат казнети поради овој потег даде одговор и Клоп.

„Не гледам причина зошто клубовите да бидат казнети зашто ништо не се случи. Ситуацијата е иста како и претходно, но ако некој сака да нѐ казни, не можам да влијаам на тоа“, вели Клоп.