Клоп: Нема што да загубиме, но имаме три проблеми!

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп кажа дека нема што да загубат во натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

Ливерпул беше проразен во првиот меч со 1-3, па утре ќе имаат пеколна задача за да се вратат во мечот и да направат некаков пресврт.

„Кога си го загубил првиот меч со 3:1, изгледа дека веќе си елиминиран, па нема што да изгубиш. Ние сигурно ќе се обидеме да се пласираме во полуфинале и ќе дадеме се од себе. Ние во првиот меч не бевме доволно добри како што знаеме да бидеме. Дополнителен проблем е што нема да има фанови на стадионот, па самите треба да создадеме специјална атмосфера“, истакна Клоп.