Клоп: Поништениот гол на Мане ми беше омилен откако дојдов во Ливерпул!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул прокоцка победа на домашен терен против Брајтон, откако водеше со 2-0, но на крајот резултатот заврши 2-2.

Откако мечот заврши 2-2, тренерот на домаќините, Јирген Клоп призна дека поништениот гол на Садио Мане му е омилен откако станал тренер на екипата.

„Вториот гол на Мане кој беше поништен е мој омилен во целиот период откако пристигнав во Ливерпул“, вели Клоп.

Ливерпул беше голем фаворит, имаше сѐ во свои раце, а на крајот се спасуваше од пораз бидејќи и еден гол на Брајтон беше поништен, а во една добра ситуација ги спаси голманот Алисон Бекер.