Клоп потпиша договор, па откри: На сопругата ѝ се допаѓа тука, а јас морав да ја послушам


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул соопшти дека потпишал договор со тренерот Јирген Клоп до 2026 година, и тоа еден ден по победата против Виљареал од 2-0 во првиот полуфинален меч во Лигата на шампиони (ЛШ).

Германецот сакаше да остане до 2024 година, па потоа да донесе одлука за иднината, но сепак неговиот план пропадна и ќе остане дополнителни две години на „Енфилд“.

Новинарите ги интересираше зошто германскиот стратег потпишал договор со Ливерпул, а тој се пошегува на прес-конференцијата.

„Сопругата Ула сакаше да остане, а како секој добар маж, што да правам? Решив да останам. Најважниот договор во својот живот е тој што го потпишуваш со сопругата“, вели Клоп.