Клоп против Реал Мадрид направи грешка која навивачите на Ливерпул нема да ја заборават!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) одигра 0-0 против Реал Мадрид и остана без пласман во полуфинале, со оглед на тоа дека „кралевите“ во првиот дуел триумфираа со 3-1.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп на теренот испрати силен состав, но гостите одлично се бранеа, а по мечот навивачите на премиерлигашот пронајдоа грешка.

Тие се согласија дека Диего Жота требало да го почне натпреварот од првата минута, со оглед на тоа дека е во добра форма.

Жота на последните натпревари постигнуваше важни голови, а формата ја потврди и во дресот на португалската репрезентација.

Фирмино и Мане се далеку од вистинската форма и тоа го покажаа на вчерашниот меч против шпанскиот шампион.