Клоп се „дави“ во проблеми: Ливерпул остана без уште двајца фудбалери!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул се соочува со сериозни проблеми по лошите резултати во Премиерлигата и Лигата на шампиони, па тренерот Јирген Клоп ќе се обиде да го спаси тимот од пропаст.

Клоп вчера дозна дека не може да смета на новото засилување Луис Дијаз до 2023 година, а на дербито против Арсенал се повредија и Жоел Матип и Трент Александер-Арнолд.

Арнолд мораше да го напушти теренот на полувреме поради болка во скочниот зглоб по стартот на Мартинели, а во вториот дел Матип беше заменет поради друга повреда.

Двајцата фудбалери денеска беа на медицински прегледи, кои покажаа дека Матип и Арнолд ќе мора да паузираат најмалку две недели, а тоа значи дека нема да играат против Глазгов Ренџерс, Манчестер сити и Вест хем.