Клоп се изнервира: Ако играме вака, ни во сон нема да го стигнеме Манчестер сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја критикуваше играта на своите фудбалери во поразот од Лестер сити и кажа дека нема да го стигнат лидерот Манчестер сити.

Ливерпул синоќа на гостински терен загуби од Лестер со 0-1 и сега има шест бода помалку зад лидерот Сити, а исто така и Челси има шест бода помалку од „граѓаните“.

Сити ќе игра двапати пред следниот меч на Ливерпул и ако слават во двата натпревари, тогаш ќе избегаат на 12 бода.

„Ние играме против Челси, па не може двете екипи да освојат по три бода. Жал ми е поради тоа, нашиот план вечерва не беше да му дадеме шанса на Сити да побегне. Но, ако играме вака, не мора да размислуваме за тоа дали ќе го стигнеме Сити. Ако го играме нашиот фудбал, може нормално да победуваме“, кажа Клоп.