Клоп со најновата одлука ги разочара навивачите на Ливерпул

Навивачите на Ливерпул се надеваа дека тренерот Јирген Клоп уште долго време ќе остане на клупата на премиерлигашот, но тоа очигледно нема да се случи.

Германските медиуми пишуваат дека Клоп е подготвен да го одработи договорот со Ливерпул до крај, а потоа сака нов предизвик во кариерта.

Неговиот сегашен договор трае уште четири години, по што ќе го напушти клубот од „Енфилд“, а веќе е познато и што сака да прави.

Клоп, откако ќе го напушти Ливерпул, сака да ја преземе репрезентацијата на Германија, а тоа би се случило по Европското првенство, кое се игра токму во 2024 година.

Единствено непознато е тоа дали Јоаким Лев ќе ја предводи Германија дотогаш или тие во меѓувреме ќе променат уште еден селектор.