Клоп вечерва нема да ги води „Црвените“ во ФА Купот и натпреварот ќе го следи на лаптоп


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул вечерва играат повторен натпревар од шеснаестина финалето од ФА купот против Шузбери Таун.

Црвените нема да играат во најсилниот состав вечерва, затоа што Клоп сака да го одмори својот прв тим поради пеколниот распоред. Германскиот стручњак претходно критикуваше дека клубовите во Англија едноставно имаат премногу натпревари, и дека тоа ги заморува играчите.

Очигледно е дека на Ливерпул навистина не им е грижа дали ќе напредуваат во следната фаза од натпреварувањето, а шансата на вечерва на „Енфилд“ ќе ја имаат главно резервните играчи на клубот.

Исто така, Клоп нема да биде на клупата кој очигледно реши да се одмори. Тимот ќе го води Нил Критли кој инаку го предводи резервниот тим на клубот од „Енфилд“.

Клоп не сакаше првиот тим да го прекине својот одмор за настапот во ФА Купот, а тој очигледно реши да направи кратка пауза. Тој рече дека ќе го следи натпреварот на неговиот лаптоп и ќе контактира со Критли и неговите помошници по потреба.

Во првото коло од овие екипи, Клоп извади комбинирана екипа на теренот, а мечот заврши со резултат од 2-2, иако „црвените“ имаа водство од 2-0.