Кој ја режира оваа драма? Агентот на Погба донесува нови вести


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неверојатно, но вистинито – агентот на Пол Погба Мино Раиола донесува нови информации поврзани за Пол Погба.

Прво е објавено дека поради процентот од договорот за Раиола не е постигнат, па Раиола прифатил, дека Погба е на прагот од Јунајтед, а сега агентот на францускиот репрезентативец повторно донесува драма во целата приказна.

„Новинарите се папагали. Нема договор меѓу клубовите. Ова е игра меѓу англиските и италијанските новинари, кој прв ќе објави, односно кој е полош“, напиша Раиола на својот официјален Твитер профил.

Е така сега станува интересно, но многу работи укажуваат на тоа дека Погба дебело зачекори на Олд Трафорд.

За 23-годишниот играч за врска Јунајтед треба да плати околу 110 милиони евра.

Сепак, изјавата на Раиола е помалку загрижувачки за навивачите на Јунајтед и повеќе никој не може ништо да заклучи кога е во прашање оваа трансфер сага, која одамна трае.