Колку пари им беа поделени на НФЛ-играчите од Суперболот? (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездите на Канзас Сити чифс беа подобри од Сан Франциско 49ерс со 25-22 во Суперболот и ја одбранија шампионската титула во НФЛ-лигата.

Канзас Сити стана првиот тим по 19 години кој ја одбранил титулата, откако последен на кој му успеа такво нешто е Њу Ингланд патриотс.

Двете екипи поделија вкупно 13,4 милиони долари, односно секој играч од победничкиот состав доби по 164.000 долари, додека во поразениот добија по 89.000 долари.

Ова е зголемување од 7.000 долари во просек по играч во однос на минатата сезона, а за плејофот беа поделени и парични награди при што играчите на Чифс добија 338.000 долари, додека Сан Франциско околу 250.000 долари.