Колку пари заработи Ѓоковиќ во кариерата? (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ по осми пат во кариерата заврши на првата позиција на АТП-листата на крајот на годината.

Ѓоковиќ оваа сезона освои три гренслем-титули и заработи околу 16 милиони долари, а зад себе го остави Карлос Алкараз со 10,7 милиони долари.

Србинот, според статистиката, во текот на кариерата заработил неверојатни 180,6 милиони долари, додека Рафаел Надал е втор на листата со 134,6 милиони, а на третото место е Роџер Федерер со 130,5 милиони долари.