Колку пари заработи Реал Мадрид од дресовите на Белингам?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 103 милиони евра, а Англичанецот досега постигна 11 гола на 13 меча во Ла Лига.

Белингам постигна четири голови и во Лигата на шампиони (ЛШ), па така ги освои срцата на навивачите кои купија над 100.000 дресови.

Дресот на Белингам од клупската продавница чини 125 евра, додека се доплаќа дополнителни 25 евра за презимето и бројот, што значи дека стигнале до сума од околу 15 милиони евра.

„Кралевите“, сепак, добиваат 40 отсто од целосната сума, а тоа се шест милиони евра.