Коментаторите на „ТВ Арена“ пристигнуваат заедно со „црвено-црните“ херои во Скопје!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија ќе го пречека европскиот шампион Вардар на меѓународниот аеродром во Скопје, по што прославата ќе продолжи на градскиот плоштад, а со нив ќе пристигна и коментаторите на „ТВ Арена Спорт“.

„Арена Спорт“ го емитуваше фајнлфотот во Лигата на шампиони, кадешто Вардар најпрво ја победи Барселона, а потоа славеше и против Веспрем, па така го освои трофејот.

Натпреварите на Вардар со многу емоции ги пренесуваа коментаторите Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ, па тие ќе пристигнат во Скопје заедно со ракометарите за да ја прослават титулата.

Дефинитивно тоа го заслужија, па ги очекуваме сите денеска на плоштадот да ја прославиме титулата на „црвено-црните“.