„Конечно им се одмаздивме на италијанските крадци и свињата Роналдо!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Порот по продолженија го елиминираше Јувентус од осминафиналето во Лигата на шампиони. Португалскиот тим успеа да го изненади италијанскиот гигант, а најголеми критики заработи Кристијано Роналдо.

Фернандо Саул, човекот кој е официјален спикер на натпреварите на Порто, го навреди Роналдо преку социјалните мрежи.

„Им се одмаздивме на италијанските лопови за поразот во Базел 1984 година (финалето на Купот на победниците на куповите). Се одмаздивме на таа свиња Роналдо за се што правеше на „Драгао“. Чекав да ја видам Долорес (мајката на Роналдо) и останатите членови на неговото семејство“, напиша Саул.