Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Се враќа еден од најголемите УФЦ борци на сите времиња. Конор Мекгрегор ќе се бори на 11 јули, првпат по пет години!
Нема да го поштедат бидејќи за противник му дадоа повеќе од сериозен ривал, Макс Холовеј. Тој ќе биде значаен фаворит против човек кој толку долго време е без борби и кој во меѓувреме имал многу проблеми во приватниот живот.
Што е уште поважно, Холовеј со нетрпение го очекува овој меч. Имено, Холовеј конечно добива можност да се реваншира за поразот што го доживеа во нивниот прв судир пред 13 години.












