Консеисао го обвини Артета: Ми навредуваше роднина кој не е меѓу живите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал го елиминира Порто во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), но натпреварот помина со многу тензии меѓу стручните штабови на клубовите.

Тренерот на Порто, Серхио Консеисао кажа дека Микел Артета ги навредувал членовите на неговото семејство, меѓу кои еден од неговите роднини повеќе не е жив.

„Артета дојде на клупата за време на мечот и ми го навредуваше семејството на шпански јазик. Му кажав дека лицето кое го навредува не е меѓу живите“, обвини Консеисао.

Арсенал го совлада Порто по изведување на пенали со 4-2.