Конте има листа со желби, а на неа се Џеко, Алонсо, Емерсон…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер ја запре доминацијата на Јувентус која траеше девет години и го освои Скудетото. Антонио Конте го предводеше Интер до титулата, а сега почна да прави листа со желби за следната сезона.

Конте сезонава често беше критикуван поради настапот во Лигата на шампиони (ЛШ), но и дефанзивната игра на Интер, па се шпекулираше и дека ќе добие отказ, но Интер не го отпушти и направи добар потег.

Иако на Апенините уште не е завршена сезоната, сепак почнаа шпекулациите за новите засилувања на Интер, а „Газета дело Спорт“ објави листа со фудбалери кои Интер ќе се обиде да ги ангажира.

На листата со желби се наоѓаат Един Џеко, Маркос Алонсо, Емерсон Палмиери, Филип Костиќ и се очекува ангажман на нов голман, а во конкуренција се Марко Силвестри и Хуан Мусо.