Конте намерно губи – наскоро ќе пукне сè во Тотнем?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотнем е во резултатска криза и полека ја губи битката за топ-4 во англиската Премиерлига, а поранешниот фудбалер Џејми Реднап даде свое мислење за ситуацијата во Лондон.

Реднап вели дека владее лоша атмосфера во соблекувалната и тоа го натерало Антонио Конте да не се труди да ја подобри ситуацијата и да си побара отказ.

„Не ми се допаѓа начинот на кој се одвива цела ситуација со Конте и мислам дека наскоро ќе пукне сè. Не мислам дека ова ќе заврши како што треба. Јас сум фан на Конте, но јасно е дека постои можност за разделба. Ми делува како да бара нова работа, а притоа сака да си ги земе парите од Тотнем“, вели Реднап.