Конте призна: Размислувавме да го земеме Пандев во нашиот напад!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Горан Пандев постигна два гола во ремито против Беневенто (2-2), а така стигна и до бројката од 100 погодоци во Серија А.

Пандев постигна голем успех, а за тоа му честиташе тренерот на Интер, Антонио Конте, кој призна дека македонскиот напаѓач бил една од желбите за нивниот напад во јануари 2020 година.

„Пандев беше една од нашите желби во јануари 2020 година, а тоа го знаат и директорите на Интер“, вели Конте.