Конте се враќа во Серија А?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Антонио Конте вчера беше на трибините на мечот меѓу Торино и Наполи, а тоа ги засили шпекулациите дека ќе се врати во Серија А.

Валтер Мацари во моментов работи како привремен тренер во Наполи, но не се прослави и актуелниот шампион тоне сè подлабоко.

Наполи во последните четири меча не постигна ниту еден гол, а прими дури девет и затоа е можна нова промена на кормилото на тимот.

„Би можел да дојдам, но ако работите се случат како што треба“, наводно кажал Конте во разговор со новинарите.

Конте претходно се поврзуваше и со кормилото на Милан, откако Стефано Пиоли доби жестоки критики поради лошите резултати.