Конте се закани на фудбалер на Севилја: Те чекам пред стадион по натпреварот!

Тренерот на инитер, Антонио Конте беше бесен на фудбалерот на Севилја, Евер Банега, па му порача дека ќе го чека пред стадионот по мечот кој го доби шпанската екипа и повторно го освои трофејот во Лига Европа.

Банега се пошегува со тренерот на Интер во текот на дуелот. Малку го фати за коса и му кажа дека сакал да провери дали периката му е вистинска, а тоа го налути Конте.

„Те чекам пред стадион по натпреварот“, јасно му кажа Конте.