Коронавирусот ќе го „пресели“ Роналдо во ПСЖ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо би можел на лето да ја напушти Италија затоа што Јувентус ќе има големи финансиски проблеми поради коронавирусот и наводно нема да може повеќе да го плаќа 30 милиони евра годишно.

„Диарио гол“ пишува дека агентот на Роналдо, Жорж Мендеш има понуда од ПСЖ, која сака да ја искористи затоа што ќе добие многу пари од трансферот.

Роналдо во моментов е во Мадеира, а договор со Јувентус има до 2022 година, па останува да видиме дали ќе направи трансфер следното лето.