Коронавирусот посилен од УФЦ 249: Откажан ММА-спектаклот кој ѝ пркосеше на пандемијата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По неколку недели вистинска „шпанска сапуница“ беше одложен и очекуваниот УФЦ 249, кој требаше да се одржи на 18 април во Бруклин. Прво во главна улога требаше да биде дуелот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон.

Сепак, поради тоа што Русија ги затвори границите, Хабиб не можеше да се појави, а така отпадна и можноста пред публиката во Њујорк, по што претседателот на УФЦ, Дена Вајт размислуваше и за приватен остров, а замена за Хабиб да биде Џастн Гејтџи.

Проблемот се создаде кога Роуз Намајунас ја откажа борбата поради тоа што починало едно лице во неговото семејство. Тогаш дефинитивно пропаднаа плановите за организација на борбите.

„Навистина се боревме постојано за да се одржи настанот. Никој не сака спортот да се врати на тв повеќе од ние и дадовме максимум за да го организираме УФЦ 249. Сепак, за жал не успеавме во намерата“, кажа Вајт.