Кошмар: Зверев беше погоден со топче директно во глава! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот тенисер Александер Зверев го декласираше Французинот Адриен Манарино за пласман во полуфинале на турнирот во Монпелје, а третиот играч по четвртфиналната средба доживеа голема непријатност.

Зверев ја пакуваше својата опрема и се подготвуваше да го напушти теренот, кога му се случи нешто што воопшто не очекуваше.

Третиот тенисер во светот беше погоден со топче директно во глава, но за среќа не во некој витален дел, што би предизвикал потешка повреда кај Германецот.

Зверев му дозволи на Манарино да освои само еден гем, а во полуфиналето во Франција го чека двобој со Швеѓанецот Имер.