Косово со проблеми пред мечот против Македонија – не може да смета на Муричи!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Косово, Бернард Шаландес денеска одржа прес-конференција пред гостувањето во Скопје за плеј-офот за пласман на Европското Првенство (ЕП).

За Ведат Муричи се тврдеше дека сигурно нема да може да игра во Скопје сепак тој се најде на списокот. Меѓутоа и покрај тоа што е на списокот селекторот Шаландес е песимист.

„Ќе видиме како ќе биде утре. Ќе му бидат направени нови тестови, а потоа и во комуникација со медицинскиот тим на Лацио ќе одлучиме дали ќе игра и каков е напредокот. Ќе кажам дека сум песимист за можноста да биде подготвен за натпреварот против Македонија“, изјави Шаландес.

Што се однесува до македонската репрезентација, Елиф Елмас ќе го пропушти мечот против Косово откако имаше позитивен тест на ковид-19.