Костески: Главата горе, нашата борба продолжува!


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација имаше одличен настап против Унгарија, кој заврши 27-27 во нивниот прв натпревар на Светското првенство.

Ненад Костески ја посочи посветеноста и огромниот труд кој тимот го вложи во натпреварот.

„Беше ова навистина тежок и исцрпувачки натпревар. Дадовме сè од себе и го оставивме срцето на теренот за Македонија. Малку ни недостигаше за победа, но овој резултат покажува дека сме на вистинскиот пат. Се боревме како еден и докажавме дека вредиме многу како репрезентација. Изгинавме на теренот за Македонија, главата горе, одиме понатаму“, изјави Костески.