Костјук победи Русинка, па одби да се поздрави со неа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Украинската тенисерка Марта Костјук ја освои првата титула во Остин, откако славеше против Русинката Варвара Грачева со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 7-5.

Костјук одби да се поздрави со противничката по натпреварот, а потоа кажа дека го направила тоа во чест на жртвите во Украина.

„Ситуацијата е ужасна, јас сочувствувам со мојот народ и хероите на Украина. Ова е за сите кои се борат за мојата татковина“, кажа Украинката.

Костјук неодамна го критикуваше и Новак Ѓоковиќ, при што кажа дека била згрозена од некои негови коментари за кои смета дека се „про-руски“.