Ковач потврди: Кутињо се сели во Баерн Минхен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баерн Минхен синоќа потврди дека Филипе Кутињо ќе пристигнe од Барселона на едногодишна позајмица.

Шпанските медиуми синоќа објавија дека Барселона се согласила да го пушти Бразилецот, апотоа следуваше и потврда од Минхен.

Иако договорот уште не е официјално потврден од клубовите, сепак тоа ќе се случи наскоро. Бразилецот не се прилагоди во Барселона, па поради тоа ќе се обиде во Минхен да ја пронајде старата форма.

За неговото пристигнување зборуваше и тренерот на Баварците, Нико Ковач, кој порача дека навивачите треба да бидат среќни поради оваа вест.

„Според мое мислење сигурен сум дека нема само навивачите на Баерн да бидат воодушевени поради пристигнувањето на таква ѕвезда во Бундеслигата, туку цела Германија…“, порача Ковач.