Ковид-19 го нападна Баерн Минхен, цел тим оди на тестирања!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баерн Минхен откри случај на коронавирус во својот тим. На вчерашното тестирање пред натпреварот во Лигата на шампиони против Атлетико Мадрид позитивен на тестот бил Серж Гнабри.

Гнабри откако дозна дека е заразен веднаш заврши во изолација, а сега се наоѓа дома и се чувствува многу добро. Нема никакви симптоми на заразата, но проблемот е тоа што тој тренираше со остатокот од екипата.

Баварскиот гигант вечер ќе излезе на теренот против Атлетико, а во текот на денешниот ден ќе има уште едно тестирање во утринските часови за да се откри дали уште некој е позитивен на вирусот.

Натпреварот меѓу Баерн Минхен и Атлетико Мадрид се игра вечерва од 21 часот.