Ковид-19 влезе и во Формула 1: Еден пилот поради позитивен тест ја пропушта трката на Силверстоун


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Коронавирусот влезе и во Формула 1 шампионатот откако еден беше потврден позитивен тест на еден од пилотите.

Имено, пилотот на „Рејсинг Поинт“ Серхио Перез е позитивен наКовид-19 и сигурно ќе ја пропушти следната трка на Силверстоун која е закажана за овој викенд.

„Перез влезе во самоизолација и ќе ги следи инструкциите на релевантните центри за јавно здравје и ќе продолжи да ја следи процедурата наметната од авторитетите“ –стои во дел од соопштението на Формула 1.

Перез веднаш ќе замине во самоизолација, а се очекува наскоро од „Рејсинг Поинт“ да објават кој пилот ќе го замени на стартот на патеката.